Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Реформската агенда не е исполнета, се потврди уште една голема лага на Мицкоски

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче:

Денес на 1 јуни официјално истекува рокот што премиерот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, а тоа е да се исполнат неисполнетите точки од реформската агенда. И се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски – така дојде на власт со лаги, така и владе.

Според официјалната листа на владата, според официјалната листа во рамките на реформската агенда, до јуни 2025 година требаше да се донесат 16 закони. Тогаш се донесоа само шест. За 10-те се доби продолжување на рокот сега до јуни 2026 година. И што се случи? Од тие 10 закони, кои што не биле донесени во јуни 2025 година, па Европа го продолжила рокот до јуни 2026-та година, повторно реализацијата е само 20%, односно донесени се само два закони – Измени на царински закон и Закон за безбедност на мрежни информациски системи.

Закони за кои самата Европска Унија кажува дека не се донесени – Транспозиција на пакет за интеграција на пазарот на струја, понатаму нов Закон за судски совет, според препораките на Веницијанската комисија, односно Оценската мисија која што ја спроведе Европската Унија, а не така како што владата го донесе законот без усвоените препораки на Европска Унија, што значи дека сакаат да направат трик и да излажат, како што граѓаните ги лажат и официјалните лица во Европска Унија, но тоа таму не поминува. Понатаму, Закон за електронски комуникации, согласно европските стандарди, исто така не на начин на кој што Владата го усвои.

Понатаму, користење нематеријални средства како гаранција за кредити, јавен регистар на државни претпријатија и компании со државно учество и пополнување на сите работни места во Агенцијата за конфискуван имот.

Ќе се осврнам на два од овие закони. Новиот Закон за електронски комуникации, затоа што Владата го брои како исполнета обврска, но Европската Унија јасно посочува дека законот вклучува одредби за финансирање на Оперативно-техничката агенција, а Европската Комисија изразува загриженост во однос на ова.

Уште еднаш повторувам за трикот, кој што власта го направи со усвојувањето на Законот за Судски совет. Таа е практично манипулација со која што ја лажат Европската Унија, односно законот не е донесен согласно препораките на Оценската мисија. Донесен е повторно, на начин, како што се носеле сите други закони, а тоа е да одговара само на власта.

Има други закони, листа на закони од дури 33, кои што не се донесени, а треба да се донесат и до крајот на 2026 година. Не се ни половинаа донесени, иако еве истекува шестмесечниот период од 2026-та година.

Значи, вкупната реализација практично е катастрофална.

Владеењето на правото и независноста на институциите се нешто што апсолутно не е исполнето. Критичните закони од енергетскиот сектор и законите за финансиска транспарентност и државна помош, кои се директен услов за повлекување на следната финансиска транша од ЕУ, исто така се далеку од завршување.

Има суштински закони во сферата на правосудството, и веќе граѓаните се свесни дека ова е намерно неспроведување на реформската агенда од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Зошто? Поради тоа што, тој не сака тука владеење на правото и поради тоа што него не му се потребни пари од Европската Унија, кои што ќе бидат контролирани, затоа што сака да се задолжува на нетранспарентен начин и без никаква контрола на трошењето на тие средства. 4

Ќе прочитам само дел од законите, кои што не се ни поднесени за евалуација. Листа од 33 закони. Времето истекува.

Регионот оди напред. Црна Гора и Албанија веќе ги затвораа поглавјата за преговори.

Предлог на Закон за обновливи извори на енергија, за организација и работа на органи на државна управа, за систем на плати во јавен сектор, за управување на трговски друштва од државна сопственост, за инсолвентност, за заштита на конкуренција, за контрола на државната помош, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за дигитални услуги, за изменување и дополнување на Закон за електронско управување и електронски услуги, за електронски комуникации, за судови, за избор, оценување и разрешување на судии и обвинители, за јавно обвинителска служба, за плати на јавни обвинители, за плати на судии, Закон за судска служба, за судски буџет, Изборен Закон, Кривичен Закон, Закон за кривична постапка, за управување движење на предмети во судови, за дополнување Закон за иновациска дејност, за систем на адреси, за железнички систем, за климатска акција, за животна средина, за сметководство.

Само еден дел од неисполнетите закони во рамките на реформската агенда. Се потврдува тоа што го говориме, изминатите месеци, дека оваа Влада едноставно не сака во Европа. И затоа велиме престанете да лажете. Се знае кој е патот напред, патот напред се уставните измени. Ако го испуштиме овој воз, ако ја испуштиме оваа можност, можеби следна, за граѓаните, за следните генерации, едноставно нема да има.

Лесно и е на оваа власт, со пари од партиски тендери, пари на граѓаните, кои што секојдневно ги грабаат, и со бугарски пасоши во џебовите. Но, граѓаните и следните генерации тоа не го заслужуваат. Сакаат реформи, сакаат систем, сакаат можности, граѓаните сакаат и заслужуваат подобар квалитет на живот.

Затоа, распишете референдум, нека кажат граѓаните, дали сакаат или не сакаат во Европа, така како што вие сакате да ги уплашите почитувани претседатели на власта и премиере Христијан Мицкоски. Лесно ти е тебе, и на твојата банда. Се грижите само за вас. На крај памет не ви паѓа како живеат граѓаните тука во државата.

Распишете референдум и час поскоро продолжете го европскиот пат, затоа што немате право, никакво, ни политичко, ни морално, ова да го правите на Македонија и на генерациите, кои што со години чекаат да се случи европската приказна, посебно на новите и младите генерации, кои ако не го направите чекорот кој што не е никаков ризик по нашиот идентитет и јазик, едноставно од тука ќе се иселуваат во сè поголем број.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК