Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПИЈАН, БЕЗ ДОЗВОЛА И ПО БЕГСТВО ОД НЕСРЕЌА: Дебарчанец нападнал и полицајци

На 29.05.2026 година во 23 часот, на улица „Зеќир Чанка“ во Дебар, лишен од слобода е маж(29) од Дебар. Тој претходно, на улица „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно возило „фолксваген поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода со оштетување на друг патнички автомобил и избегал а потоа, физички ги нападнал полициските службеници кои, по преземени мерки, го сопреле возилото.

Тие утврдиле дека истиот немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК