Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗИЛО ГО СЛЕДЕЛО НИЗ ТЕТОВО? Возач од страв не застанал на полициско возило, па се превртел кај Порој

На 27.05.2026 во 13:30 часот во СВР Тетово, маж (36) од Тетово пријавил дека околу 05:30 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во неговото возило „пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки и подоцна го следело низ градот.

Според пријавеното, така бегајќи од возилото, на крстосницата помеѓу ул.„Видое Смилевски Бато и „29 Ноември“ забележал службено возило на МВР со вклучени ротациони светла зад него, но поради страв не застанал, туку продолжил кон новиот пат за село Порој, каде што изгубил контрола и се превртел на кров.

СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, студенти ќе можат да се сместуваат од октомври

ДЕСК