На 28.5.2026 година (четврток) во 16:00 часот на Машинскиот факултет во Скопје, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на панел дискусија на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“.
Панелот е дел од меѓународна конференција посветена на градење синергија за креирање иновативни решенија во процесот на дигитална трансформација, што ја организираат Машинскиот факултет и Асоцијацијата на европски професори по индустриско инженерство и менаџмент.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


