Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

ПОЖАРНИКАРИТЕ ГО ИЗГАСНАЛЕ ОГНОТ, НО ЖЕНАТА НЕ ПРЕЖИВЕАЛА: Трагичен случај во Пинтија

Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), во која живеела и нејзината мајка М.В. (85), која настрадала во настанот.

Огнот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во текот на денот се очекува да биде извршен увид, по што ќе се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК