Centar.mk
ЛОКАЛНО

БЛИСКУ ДО НАРОДОТ ВО КИСЕЛА ВОДА: Граѓаните ги споделија проблемите, институциите најавија решенија

Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“, во организација на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во Општина Кисела Вода се одржа средба со граѓаните во Домот на култура „Билјана Беличанец“, кој беше исполнет до последно место од жители што дојдоа да ги споделат своите идеи, предлози и проблеми.

На средбата присуствуваа претставници на институциите, директори на јавните претпријатија, како и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, при што беше потенцирана заложбата институциите да бидат директно присутни меѓу граѓаните и навремено да одговараат на нивните потреби.

Во отворен разговор со присутните граѓани беа разгледани актуелните проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на Кисела Вода, тековните проекти што се реализираат, како и идните активности и планови за развој на Скопје.

Од средбата беше испратена јасна порака дека вистинските промени се создаваат преку директна комуникација со граѓаните и преку заедничка работа на терен.

Теренските посети „Блиску до народот – доследни на зборот“ продолжуваат и во останатите скопски општини, со цел институциите да останат достапни, отчетни и блиски до граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

НА 29 МАЈ СО ПОСЕБНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Водовод Скопје апелира да се користат електронските сервиси

ДЕСК

Герасимовски: Првото возило бесплатно, третото е луксуз – воведуваме ред во паркирањето во Центар

ДЕСК

Герасимовски за Сител: Најстроги санкции за инвеститорот и изведувачот на „Теодосиј Гологанов“, нема компромис со безбедноста на граѓаните

ДЕСК