Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2025 година, 27.3 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право, информира Државниот Завод за Статистика.
На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2025 година, дипломирале 7 612 студенти, што претставува зголемување за 8.4 % во споредба со 2024 година.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 677, односно 74.6 % се редовни, а 1 935, односно 25.4 % се вонредни студенти, а дипломирани студентки се 59.6 %.
Од вкупниот број студенти, 28.3 % дипломирале во рокот, а 71.7 % по рокот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


