Centar.mk
БИЗНИС

Возачите во исчекување: Попладне ќе се знае дали горивата ќе поевтинат

Регулаторната комисија за енергетика денес, како прв работен ден, треба да одржи седница на која ќе се одлучува за новите цени на горивата во Македонија.

По силните поскапувања на светските берзи во изминатиот период, предизвикани од тензиите и војната на Блискиот Исток, деновиве се забележува извесно олеснување на пазарот на нафта. Според актуелните движења, нафтата од типот „брент“ се продава за околу 96 долари за барел, додека „ВТИ круд“ е на ниво од околу 90 долари.

Во моментов, горивата во Македонија се продаваат по следните цени:

ЕУРОСУПЕР БС – 95: 87 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 89 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС: 92 денари за литар
Екстра лесно масло за домаќинство: 93,5 денари за литар

Новата одлука за цените се очекува да биде објавена попладне , по завршување на седницата на Регулаторната комисија за енергетика.

Можеби ќе ве интересира

Дали Македонија станува земја без мајстори?

ДЕСК

Еден клик може да ве остави без пари: Интернет измамите стануваат секојдневие

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата – нафтата на светските берзи драстично паѓа, ќе падне ли цената на горивата и во Македонија?

ДЕСК