На 25.05.2026 околу 18:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на раскрсницата од бул. „Трета македонска ударна бригада“ и ул. „ЈНА“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Л.Ш. од с.Романовце, кумановско и мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Р.(27) од с.Черкези, кумановско, а потоа патничкото возило „голф“ удрило во патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, запрено од А.Р.(43) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобиле Л.Ш. и нејзините сопатници М.Ш.(51) и еден малолетник, двајцата од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


