Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Герогиевски, потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери, со Центарот за развој на Скопскиот плански регион.

Со проектот се предвидува реконструкција на најоштетениот дел од патот, односно од потегот на улица „19“ во населба Илинден кон населеното место Јурумлери, во должина од околу половина километар и широчина на коловозот од 4,5 метри, со што ќе се овозможи побезбедно и поквалитетно сообраќајно поврзување, како и подобрување на инфраструктурните услови во овој дел од општината.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски станува збор за исклучително значаен патен правец кој поврзува неколку населни места од неколку соседни општини, и со неговата реконструкција ќе се подобри севкупното движење за сите учесници во сообраќајот.

Реализацијата на овој проект претставува уште една потврда за заложбите на Општина Илинден за унапредување на патната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.

ДЕСК

ДВЕ СКОПСКИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА СО ПРЕКИНИ НА ВОДАТА – Водовод со известувања за Шишово и Горна Матка

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Заедништвото почнува во училницата – признанија за професорите што го градат

ДЕСК