Centar.mk
БИЗНИС

Лоши вести за возачите: Ново поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 18.5.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,723%, кај дизелот за 0,982%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,545% и кај мазутот намалувањето е за 0,348%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,0116%.

Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,144 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг и сега изнесува 51,144 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.5.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

Дурмиши и Ристески на средба со бизнис заедницата: Владата продолжува со мерки за поддршка на домашните компании

ДЕСК

МФ: Собранието ја разгледа Фискалната стратегија 2027-2031 со која се обезбедуваат одржливи и стабилни јавни финансии

ДЕСК

Алармантни податоци од европскиот барометар за сиромаштија: 38 проценти од Европејците повеќе не можат да си дозволат три оброци дневно

C +