Во Струмица е лишено лице од беровско, кај него и во неговото возило се пронајдени дрога, оружје и муниција, следува пријава
Ноќеска (24.05.2026) во 02:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско. Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин. Додека, при преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени оружје, муниција и други делови од полициска опрема, за кои постои сомнение дека неовластено ги поседувал.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


