Centar.mk
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

Денеска(24.05.2026) од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопрен е автобус “мерцедес” сопственост на туристичка агенција управуван од лице(37) од тетовско кој се обраќал на релација Германија-Македонија.

При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт. Додека при извршен преглед кај еден од патниците (20) од тетовско пронајдени се пет пликоа со разни апоени, со вкупна вредност од 34.965 евра кој истиот ги внел преку Граничниот премин Табановце без притоа да ги пријави и притоа не поседувал никакви документи за сопственост и потекло на парите.

Лицата се лишени од слобода по член 278 “криумчарење” од Кривичниот законик и член 29 од Закон за девизно работење и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото МВР

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Ноќен инцидент во Аеродром: Пет лица приведени по агресивно однесување кон полицајци

ДЕСК