Centar.mk
ИЛУСТРАТИВНА СЛИКА / фото МВР
МАКЕДОНИЈА

Драма во Ѓорче Петров: Мотоциклист тешко повреден по судир меѓу „мазда“ и „бмв“ мотор

На 23.05.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје с случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(19)од Гостивар и мотоцикл „бмв“, управуванн од Ѓ.Т.(38) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, контстатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.