Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Драма утрово во Гази Баба: Запалена свеќа предизвикала пожар во стан, повредена 22-годишна девојка

На 24.05.2026 во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје.

Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје.