Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот во Албанија

Земјотрес со јачина од 4.0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Албанија, покажуваат податоците од апликациите за следење на сеизмичка активност.

Потресот се случил во 15:39 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри. Епицентарот бил на координати 41.036 северна географска ширина и 19.845 источна географска должина, на околу 22 километри југозападно од Елбасан и 16 километри североисточно од Лушње.

Според првичните информации, земјотресот бил почувствуван и во делови од соседните земји, а епицентарот се наоѓал на околу 98 километри од локацијата прикажана во апликацијата.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК