Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Делата на Кирил и Методиј и нивните следбеници живеат во животот на сите кои ги почитуваат

Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се пратениците Мицевски, Спасовски, Ќоку и Стојчевски, како и генералната секретарка Димовска, во рамки на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“, учествуваше на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.
Во словото со кое заврши Молебенот, со кој чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Пимен и Георги, присутните ја примија пораката за важноста на делата на Кирил и неговите наследници. Кирил и Методиј не се само великани, туку темел на нашата историја и нашето битие, денес сме повикани да се угледаме на нив и да разбереме, затоа што денес нивните дела и делата на нивните следбеници живеат во животот на сите кои ги почитуваат.
Државната делегација положи венец со свежо цвеќе на гробот на Свети Кирил, оддавајќи почит на неговото дело и наследство во ширењето на знаењето, писменоста и културата меѓу словенските народи.

Во продолжение на програмата, делегацијата ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде претседателот на Собранието и членовите на делегацијата положија венец на Плочата на македонски јазик.

Делегацијата, исто така, го посети и гробот на папата Франциск, каде беше положена бела роза во знак на почит.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК