Делегација предводена од Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), во чии состав се Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина, директори на дел од Јавните комунални претпријатија, Инспекторатот за животна средина и на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ престојуваат во работна посета на Народна Република Кина.
Размена на искуства и запознавањето со современите технологии за управување и третман на комунален отпад е целта на работната посета што се реализира во организација на Институтот за биогас при Министерството за земјоделство и рурални работи, а во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина.
Во фокусот на посетата е споделување на најдобрите практики при воспоставување на процесите за класифицирано собирање и транспорт на отпад, како и можностите за производство на енергија од отпад – нивен развој и технологија.
РКЕ, согласно последните законски измени се стекна со проширена надлежност и е задолжена за регулирање на услугите за управување со комунален отпад. Донесување на Методологија за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад и Тарифник за депонирање на отпадот – се дел од процесите што треба да се реализираат во претстојниот период.
Регулацијата во управувањето со отпадот ќе обезбеди подобар квалитетот на услугите за потрошувачите, а за операторите ќе значи оптимизирање на трошоците и регулаторен мониторинг на инвестициите во системите за управување со отпадот и нивна модернизација се со цел заштита и унапредување на животната средина.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


