Centar.mk
ЛОКАЛНО

Битола: Одбележан 21 мај – Светскиот ден на културната разновидност

Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот.

Општината денеска организираше настан на кој се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а беше присутен и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

Општина Битола доследно по втор пат го одбележа овој ден, со цел да се зголеми разбирањето за тоа колку е вредна културната различност. Тоа е исто така средство за промовирање на четирите цели на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и промоција на различноста на културните изрази усвоена на 20 октомври 2005 година:
– Поддршка и промоција на одржливи системи на владеење за културата;
– Да се постигне избалансиран проток на културни добра и услуги и да се зголеми мобилноста на уметниците и културните професионалци;
– Интегрирање на културата во рамки за одржлив развој и
– Промовирање на човековите права и фундаментални слободи.

Во одбележувањето на Светски ден на културната различност зедоа учество:
КУД „Илинден“, АФ „Гоце Делчев“, ФА „Битола“, ЦЕНТИФ „Етно Илинден“, АФ „Плетенка“, Комуната на Власи, Здружение „Ромска ѕвезда“, Здружение за Македонско-Српско пријателство, Здружението на Ракотворци Битола, Македонско Турско здружение „Мустафа Ќемал Ататурк“ Битола, Здружение „Нентори 22“ Битола, Хрватски културен центар„Марко Марулиќ“, а настанот беше збогатен со две изложби фотрографии од стара Битола и фолклорни мотиви.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК