Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Власта го турка народот во должничко ропство – 260 милиони евра кредит, а ќе вратиме над 326 милиони, обвинува Левица

Соопштение на Левица:

Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех“, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење. Додека министерката за финансии зборува за „доверба на меѓународните пазари“, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално задолжување со огромни ризици и вкупни трошоци од над 25,6%.

Македонија денес зема 260 милиони евра, а ќе враќа над 326 милиони евра. Само за камати и провизии граѓаните ќе платат над 66 милиони евра повеќе. Тоа е цената на неспособноста на оваа власт.

Кредитот е врзан со варијабилна каматна стапка – 6M ЕУРИБОР плус 2,1% маргина – што значи дека со секој нов инфлациски шок, со секое зголемување на каматите од Европската централна банка и со секоја нова глобална економска нестабилност, ќе расте и долгот на Македонија. Дополнително, Владата веднаш плаќа и 3,64 милиони евра еднократна провизија само за да може да се задолжи. Наместо поволни развојни кредити, власта зема скап комерцијален долг кој ќе го плаќаат идните генерации.

Ова задолжување е уште еден доказ дека Владата нема економска стратегија, нема развоен план и нема визија каде се движи државата. Исто како и со т.н. унгарски кредит, парите повторно ќе се трошат нетранспарентно, без јасна намена и без реална додадена вредност за граѓаните и економијата. Нема нови производствени капацитети, нема структурни инвестиции, нема долгорочни развојни проекти. Има само нови долгови, нови камати и нов товар врз грбот на народот.

Левица предупредува дека Македонија се турка во опасен циклус на постојано задолжување за покривање на буџетски дупки создадени од неспособно и расипничко владеење. Наместо економија што создава вредност, добиваме власт што создава долгови.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

ДЕСК

Царинска управа со историска најголема заплена на девизи од половина милион евра (фото)

ДЕСК

Мицкоски: Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров

ДЕСК