Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција.

На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност.

Уважувајќи ја улогата на уметноста како универзален јазик и моќта на културната дипломатија, Сиљановска-Давкова изрази интерес за севкупниот креативен процес и за пораките што уметникот Жерновски цели да ги пренесе преку проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“.

Соговорниците се согласија околу насушната потреба од континуирана институционална поддршка на уметноста и културата, како и за важноста на македонското учество на Биеналето во Венеција, како исклучителна можност за достојно претставување и афирмација на нашиот творечки потенцијал.

Претседателката ја нагласи својата цврста поддршка на уметничкото творештво, со посебен акцент на младите уметници. Таа изрази подготвеност дворот на Кабинетот да биде едно од местата каде што ќе се одржуваат културни настани и уметнички претставувања, заради поттикнување на младите уметници.

Можеби ќе ве интересира

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК

Лукаревска: ВМРО ја држи во заложништво европската иднина на Македонија

ДЕСК