Centar.mk
фото Министерство за финансии
БИЗНИС

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на жените лидери е инвестиција во посилна економија и посилно општество

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, вчеравечер присуствуваше и се обрати на јубилејното 30-то издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, настан кој три децении претставува значајна платформа за промоција на жените лидери, претприемачи и професионалци кои даваат значаен придонес во македонската економија и општество.

Во своето обраќање, министерката истакна дека манифестацијата претставува признание за жените кои со својата посветеност, професионалност и визија создаваат вредност и оставаат трајна трага во деловната заедница.

„Оваа манифестација не е само одбележување на значаен јубилеј, туку и признание за жени кои со својата работа, знаење и истрајност оставиле траен белег во македонската економија. Секоја успешна жена е доказ дека високите достигнувања се резултат на труд, дисциплина, интегритет и храброст“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа посочи дека успехот на жените лидери има особена тежина, имајќи ја предвид нивната повеќекратна улога во професионалниот и личниот живот, како носители на одговорни позиции, но и како поддршка на семејството и заедницата.

Министерката нагласи дека како човек кој професионално доаѓа од приватниот сектор, добро ја разбира важноста на довербата, одговорноста и резултатите кои се градат со години.

„Јас доаѓам од приватниот сектор-средина во која резултатите секојдневно се мерат, во која довербата се гради со работа, а одговорноста не е формалност, туку начин на функционирање.Таму ги изградив моите професионални вредности, таму научив дека успехот никогаш не е индивидуален, туку е резултат на посветеност, тимска работа и јасна визија“, нагласи министерката.
Во обраќањето министерката потенцираше дека поддршката на жените во економијата и претприемништвото не е само прашање на родова еднаквост, туку и прашање на одржлив економски развој.

„Поддршката на жените во економијата, претприемништвото и лидерството значи поддршка на економскиот развој. Секоја жена која создава нова вредност придонесува за посилни компании, поконкурентна економија и посилно општество“, посочи министерката.
Димитриеска-Кочоска истакна дека институциите имаат обврска да продолжат со создавање средина во која жените ќе имаат уште поголема поддршка за професионален развој, лидерство и претприемништво, како и да бидат инспирација за младите генерации.
На крајот од обраќањето, министерката им честита на добитничките на признанијата и им посака понатамошни успеси на личен и професионален план, нагласувајќи дека нивните достигнувања претставуваат силен поттик за идниот развој на женското лидерство во државата.

фото Министерство за финансии

Можеби ќе ве интересира

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

ДЕСК

Државен пазарен инспекторат – засилени инспекциски контроли

ДЕСК

Мета отпушта 8.000 работници поради инвестиции во вештачка интелигенција

C +