Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

РОДИТЕЛИ И ДРУГИ ЛИЦА ПОД ИСТРАГА: Случај поврзан со малолетни

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 2 од КЗ, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 и „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 став 1 од КЗ и против О.П.(49) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 од КЗ. О.Л. и Н.Л. како родители дозволиле, во периодот од септември 2023 година нивна малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила и дете, а втората малолетна ќерка од март 2024 да живее во вонбрачна заедница со О.П..

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК