Centar.mk
фото: Скриншот од видео на МВР/
МАКЕДОНИЈА

МВР со важна вест околу плаќањето на казни за граѓаните кои ги добиле преку Сејф сити

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата.

– Апелираме до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, во интерес на заштеда за своето време и избегнување на непотребни гужви, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК