Centar.mk
фото скриншот/МВР
МАКЕДОНИЈА

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦАЕЦ: Сомнение за фалсификување службен документ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО ГОКК против полицискиот службеник Д.М. од СВР Тетово поднесе кривична пријава за кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ.

Пријавениот во текот на јуни 2019 година, постапувајќи по барање од адвокат од Тетово, изготвил службен спис за достапност на лице со невистинита содржина, без притоа да се извршат проверки за достапност на лицето на терен. На така изготвениот спис со невистинита содржина, со цел да го озваничи, го злоупотребил потписот на раководителот, вметнал несоодветен деловоднички број, го заверил со службен печат и така изготвен го предал на рака на адвокатот од Тетово, спротивно на утврдените процедури за канцелариско и архивско работење.

Списот бил употребен во судска постапка при Основен суд Тетово каде бил евидентиран како доказ на штета на лице од Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +