Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава.

Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како врховен лидер.

Заев не пет години, туку пет минути не е апстиниран од СДС и политиката, синоќа на роденденот на партијата дојде да покаже дека тој се уште е врховен лидер на СДС, и дека сите работат по негова насока.

Последно во низата е договорот со српската опозиција за формирање на фронт преку генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ.

Се додека Заев е со СДС, тие немаат иднина. Граѓаните не забораваат.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +