Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

СКАНДАЛ СО РАБОТНИЧКИ ПРАВА: Исплатувала минимален регрес и објавила лични податоци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против осомничена(45) од Крива Паланка и правен субјект од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од работен однос“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Осомничената, во својство на управител на правниот субјект, на еден работник му исплатила регрес за годишен одмор во намален износ од 1.000 денари, а во повеќе наврати не изготвувала договор или анекс на договор за вработување или престанок на работен однос во писмена форма и покрај тоа што работникот од јули 2018 година до октомври 2019 година во повеќе наврати имал престанок на работен однос. Исто така, не водела уредно писмена евиденција за работно време, со што таа и второпријавеното правно лице постапиле спротивно на одредбите од Закон за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, повредувајќи и ограничувајќи му ги правата на работникот кои му припаѓаат, како и без согласност на лицето да користи негови лични податоци, спротивно на начелата на „законитост и правичност” и „минимален обем на податоци” и без да обезбеди соодветна заштита на личните податоци.

Имено, во еден документ на огласна табла во просториите на правното лице го објавила матичниот број на вработениот, спротивно со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Малолетник нападнат по игра со водено балонче фрлено врз мотоциклист – потоа нападнатиот се обидел и да прегази друг малолетник

ДЕСК

Серија апсења низ Скопје – шест лица завршија со лисици на рацете, меѓу приведените и малолетници

ДЕСК

ПУКАЊЕ ВО ДЕЛОГОЖДА: Пронајден пиштол и муниција при претрес

ДЕСК