Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова прими претставнички на „Македонија 2025“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на „Македонија 2025“, предводени од главната извршна директорка на организацијата, Никица Мојсоска-Блажевски.

Тие ја информираа претседателката за исходот од годинашниот конкурс за доделување на Признанието за особен придонес на истакнати личности од дијаспората.

Сиљановска-Давкова го поздрави високиот квалитет на пријавените кандидати и принципиелниот избор на наградените, уважувајќи го нивниот реален придонес за државата.

Таа ја прифати поканата, и годинава, во својство на покровителка да им ги врачи признанијата на добитниците, во рамките на свеченото отворање на традиционалниот Самит на „Македонија 2025“.

Поради растечкиот интерес на дијаспората за враќање во земјава, но и за поттикнување на младите и валоризирање на нивниот придонес, соговорничките се согласија дека е добро, во иднина да се воведат две нови категории на награди: за млади и за повратници во државата.

На средбата, Мојсоска-Блажевски укажа и на институционалните проблеми со коишто се соочува дијаспората во процесот на добивање на македонско државјанство.

Во воспоставувањето на Советот за дијаспора, обете препознаваат потенцијал за активно вклучување и влијание на дијаспората во матичната земја.

Според Сиљановска-Давкова во него треба да бидат вклучени личности кои го персонифицираат македонското единство и уживаат доверба во македонската дијаспора, којашто ги препознава и вреднува.

Според соговорничките, координираниот меѓуинституциoнален пристап ќе го олесни враќањето на квалификуванитe кадри во татковината.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК