Centar.mk
Христијан Мицкоски на прес конференција во седиштето на Владата, 11 април 2026 / фото: Влада на Република Северна Македонија
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета на Австрија

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија.

Во рамки на посетата премиерот Христијан Мицкоски ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот.

После средбата, премиерот и австрискиот канцелар ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските здруженија на двете држави на кои ќе се реафирмира одличната економска соработка и ќе се претстават можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу австриските и македонските компании.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК