Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Левица: Македонија забрзано изумира – власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Соопштение на Левица:

Согласно проекциите на Државниот завод за статистика, до 2070 година Македонија ќе има само 3.760 деца до десетгодишнa возраст и 3.209 лица под 30 години.

Дополнително на тоа пензионерите ќе ја надминат бројката на работотспособно население, а проекциите се дека до 2070 во земјава најбројно население ќе биде на возраст над 70 години, за што зборуваат и бројките според кои население до 30 години ќе биде за скоро 10.000 помалку од население над 70 години.

Овие бројки не само што се застрашувачки, туку укажуваат и на забрзано изумирање на државата.

И додека Европа дава детски надоместоци, даночни олеснувања и системска поддршка за семејствата, Македонија нуди само празни зборови и фрагментарни програми кои не стимулираат раѓање и не задржуваат млади. Родителските додатоци за второ и трето дете беа укинати или пренаменети, без ефект врз наталитетот.

Минималните плати, несигурните работни места, високите трошоци за домување и ред други аномалии во општеството, за кои никој не се интересира, се реалноста што ги тера младите да ја напуштат државата.

Владата на ДПМНЕ иако декларативно се залага за зголемување на наталитетот, во реалност не прави ништо за да го стимулира истиот.

Доколку државата не преземе ништо по ова прашање и не вложи во стимулативни демографски и младински политики, во Македонија за неколку децении ќе останат само пензионери.

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Малолетник нападнат по игра со водено балонче фрлено врз мотоциклист – потоа нападнатиот се обидел и да прегази друг малолетник

ДЕСК

Серија апсења низ Скопје – шест лица завршија со лисици на рацете, меѓу приведените и малолетници

ДЕСК

ПУКАЊЕ ВО ДЕЛОГОЖДА: Пронајден пиштол и муниција при претрес

ДЕСК