Centar.mk
фото монтажа со помош на АИ/центар.мк/оригинална АИ
-МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ ОД Е-УСЛУГИТЕ ПРИВРЕМЕНО НЕДОСТАПНИ: Се работи на надградба на системот

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.

– Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро.

Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите.

Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето, соопштија од Министерството за дигитална трансформација.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Совет од нутриционистот Дрвошански: Магнезиум цитрат за здраво срце и активни мускули

C +