Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска-портпаролка:

Со празни фрижидери и празни џебови, граѓаните најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Секојдневието е сурово за народот, цените поскапеа, стандардот паѓа, платите не мрдаат, а граѓаните имаат сè помалку пари.

СДСМ уште пред 50 дена предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на самиот почеток на кризата.
Мицкоски не презеде ништо. Напротив, владата ја укина и мерката за намален ДДВ за дизелот, враќајќи го на 18%.

Сега е веќе доцна, цените пораснаа, а товарот го носат граѓаните. Народот плати за грешките на Мицкоски и цената допрва ќе зголемув.

Во мај се очекуваат нови предизвици, прогнозите на Европската централна банка и Европската комисија се дека следува забавување на растот, висока инфлација и ризик од рецесија.

Само Мицкоски и понатаму живее во својот паралелен свет на бајки за 3 та економија во Европа.

Граѓаните не живеат од бајки – тие ја живеат реалноста секој ден.

Зеленчукот е поскапен за над 38%, овошјето за над 10%, а цените во земјоделството за 23%. Поскапени се месото, јајцата, зејтинот…. практично сè е поскапено.

Во исто време, платите стагнираат и остануваат меѓу најниските во Европа. Мицкоски одби да ги покачи платите на работниците, одби 600 евра минимална плата.

Мицкоски нема капацитет да води економска политика. Има капацитет само за својот приватен бизнис и за тендери.

Човек со часовници од 60 илијади евра или 150 минимални плати им кажува на граѓаните дека сме 3 та економија во Европа ама дека најниските плати им се доволни. Какви апсурди.

Во исто време кога економијата оди забрзано надолу. Инвестициите паднаа за над 60%. Компаниите отпуштаат – над 1.500 работници за само неколку месеци. Државата должи 180 милиони евра за поврат на ДДВ кон стопанството.

Доста беа бајки, доста е бранење на бизнис интересите потребни се мерки за граѓаните.

СДСМ повторно бара итни мерки:

Замрзнување на цените на основните производи,

Намалување на ДДВ за храна и енергија,

Директна помош за ранливите категории,

Мерки за зачувување на работните места.

Економијата не е статистика, туку животот на секој граѓанин.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК

Летале дрон без дозвола – полицијата интервенирала, тројца млади повеќе нема да го прават тоа во Карпош

ДЕСК

Додека шетал кангал го ослободил, потоа следувал хаос кој заврши со смрт на куче миник

ДЕСК