Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Проштална средба на претседателот Африм Гаши со Фаисал Гази Исмаил Хифзи

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана.

Претседателот Гаши му оддаде признание на амбасадорот за неговиот личен ангажман и дипломатски вештини со кои значително придонел за зајакнување на мостовите меѓу двете пријателски земји. Тој истакна дека во иднина очекува да продолжи процесот на отворање резидентни амбасади во Скопје и Ријад, што ќе претставува историски чекор напред за меѓусебните билатерални односи.

Претседателот Гаши ја поздрави клучната и конструктивна улога на Кралството Саудиска Арабија во новата и комплексна геополитичка реалност на Блискиот Исток и истакна дека високо ја цени нивната политиката за деескалација, дијалог и изнаоѓање одржливи решенија за мирот во регионот.

Амбасадорот Исмаил Хифзи потенцираше дека интензивно работел на продлабочување на економските врски и поттикнување на интересот за саудиски инвестиции на македонскиот пазар како и за јакнење на односи меѓу двете држави со размена на посети на високо ниво.
Двајцата соговорници се согласија дека е потребно унапредување на меѓусебната соработка во сферите на културата, образованието и туризмот што ќе значи уште поголемо запознавање и зајакнување на соработката меѓу двете држави.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК