Премиерот Христијан Мицкоски на денешната владина прес конференција најави намалување на цените на бензините во земјава од утре.
– Според нашите пресметки очекуваме Регулаторна комисија за енергетика утре да донесе нова корекција на цените и бензините и дизел горивото да поефтинат отприлика за денар и половина. Истовремено би сакал да кажам дека останува на сила онаа мерка којашто веќе ја договоривме со ОКТА а тоа е да имаме попуст до крајот на овој месец на безините од 2 денари по литар, а на дизелот од 3 денари по литар и со тоа можеме да заклучиме дека сме држава со најниски цени на горивата, рече премиерот Мицкоски.
Инаку Регулаторна Комисија ги утврдува цените на горивата еднаш неделно и тоа е првиот работен ден во неделата, па така цената на горивата ќе се знае утре напладне, а ќе важи од вечерта на полноќ.


