Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави за вработени во МВР и Шумска полиција за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“

На 17.04.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, „оддавање на службена тајна“ по чл.360 и „пустошење на шуми“ по чл. 226 ст.3 во врска со чл.24 од КЗ.

М.А. (вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за шумска полиција) и В.П. (вработен во МВР, РЦГР Исток) во својство на овластени службени лица ја злоупотребиле својата службена положба и овластување така што во текот на 2025 година постапувале спротивно на законските прописи опфатени во Законот за полиција и Законот за шуми и не превенирале при извршување на кривични дела меѓу кои и „пустошење на шуми“. М.А. и В.П. не ја извршувале својата службена должност и не постапувале по издадените наредби за вршење на дејност, при што на лица во својство на организатори на кривични дела им оддавале информации поврзани со движење на контролните патроли од МВР и Шумска полиција во пределот на Берово и Струмица.

Исто така, не постапувале по однос на нелегалната сеча, иако претходно имале информации и биле запознаени со нелегалните активности и согласно своите овластувања и опис и попис на работни задачи биле должни да постапат, при што овозможиле други лица да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК