Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обрати на изборната ноќ на Фидес и го призна поразот на изборите.
Орбан рече дека „резултатот е јасен“ и дека веќе ѝ честитал на победничката партија, за што објави и опозицискиот лидер Петер Маѓар. Орбан додаде дека исходот од изборите бил болен за Фидес.
Со обработени околу 45 проценти од гласовите, ТИСА постојано го зголемува водството.
Распределба на мандати:
Тиса – 135 (40 од листата, 95 поединечно)
Фидес–КДНП – 57 (46 од листата, 11 поединечно)
Ми Хазанк – 7 (7 од листата)


