Процесот на пребројување на гласовите по парламентарните избори во Унгарија е во тек, а првичните податоци укажуваат на значителна предност за опозициската партија Тиса во распределбата на пратеничките места.
Според досегашниот тек на обработка, Тиса има подобар резултат во изборните единици, додека владејачката Фидес бележи водство кога станува збор за гласовите освоени преку пропорционалниот систем.
Изборниот процес беше проследен со исклучително висок одѕив на гласачите. До 18:30 часот, на гласање излегле 77,8 проценти од регистрираните избирачи, што претставува зголемување од околу 12 проценти во споредба со претходните избори.
Главната политичка трка се води меѓу Фидес, предводена од премиерот Виктор Орбан, и опозициската Тиса на Петер Маѓар.
Според податоците објавени на веб-страницата на Унгарската национална изборна комисија, врз основа на 6,56 проценти од преброените гласови, Тиса обезбедува 110 пратенички места, додека Фидес има 71.


