Рекордната излезност на парламентарните избори во Унгарија, одржани во неделата, според власта е резултат на силната теренска мобилизација на партијата Фидес. Ова го истакна шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, додека опозицискиот лидер Петер Маѓар испрати порака на внимателен оптимизам во пресрет на официјалните резултати.
Гергели Гуљас оцени дека големиот одзив на гласачите ќе обезбеди цврст демократски легитимитет на идниот состав на парламентот. Тој изрази уверување дека Фидес повторно ќе успее да обезбеди парламентарно мнозинство.


