Во недела и понеделник следува преодна стабилизација на времето. Во недела ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава. Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h.
Прогноза за 12.04.2026
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Умерено облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 13.04.2026
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Претежно облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен до силен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието.
Прогноза за 14.04.2026
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 22°C
Претежно облачно со слаб дожд во западните и северните делови. Ќе дува засилен до силен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


