Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со нова прогноза – Какво ќе биде времето?

Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот и услови за слаб локален дожд во источните и северните делови во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со услови за слаб локален дожд во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе бидат доста ниски и на повеќе места ќе се спуштат под нула. Најстудено ќе биде во западните и источните делови, каде се очекуваат минимални температури и до -3°C, додека во североисточните делови минималната ќе достигне околу -1°C. Во јужните и југоисточните предели утрините ќе бидат нешто поблаги, со температури од 2 до 7 степени.

Во текот на денот максималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени. Најсвежо ќе биде во западните и источните краишта, каде дневната температура ќе достигне околу 12°C, додека потопло ќе биде во централните, јужните и југоисточните делови, со вредности од 15 до 19°C.

Можеби ќе ве интересира

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК

Инцидент во Скопје: Малолетник ограбен од две лица

ДЕСК