На 09.04.2026 во 15:00 часот во СВР Куманово е пријавено на крстосница од ул.„11 Октомври, ул.„Доне Божинов“ и ул.„Гоце Делчев“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, сопственост на МВР, управувано од М.Т.(31), вработен во МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Б.А. од Куманово.
Во незгодата, од возилото „пежо“ со телесни повреди се здобил сопатникот О.А.(53) од Куманово, вработен во МВР, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


