Centar.mk
илустративна фотографија од сообраќајна несреќа генерирана со АИ
илустративна фотографија
-МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

На 08.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(53) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(19) од с.Студеничани, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.О., а со телесни повреди се здобил негов малолетен сопатник од с.Студеничани, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК

Трактор падна во река во гевгелиско – две лица итно префрлени во болница, едното починало во скопските клиники

ДЕСК