Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Утре и во сабота утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви.
Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h. Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.
Прогноза за 11.04.2026
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Претежно облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Прогноза за 12.04.2026
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 21°C
Умерено облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 13.04.2026
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Претежно облачно. Ќе дува засилен до силен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


