– Ова е проект што има децениско значење бидејќи е ветуван неколку децении и јас сум убеден дека со реализацијата на овој проект, но и на сличните проекти не само во Струга туку ширум цела Македонија полека но сигурно Владата со својата работа го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти, дека сите влади се исти, гледаат само за себе, а не за граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски денес од Струга.
– Ценам дека со нашата работа, посветена, фокусирана се разбира во рамките на нашите можности и ресурси тоа што можеме да го направиме го правиме исклучиво и за интересот на граѓаните. Јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, ќе го повторам и сега, чуда не се возможни, сите оние коишто ветуваат чуда не ја говорат вистината ние не сме чудотворци, но ќе дадеме се од себе во спортски жаргон да се изразам, ќе го оставиме срцето на терен за да граѓаните добијат поквалитетен живот и да го подобриме нивниот живот, тоа е нашата инспирација и затоа сме посветени максимално, рече Мицкоски.
– Би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот, коишто дел од своето менаџерско искуство го пренесува во својата работа овдека во Општина Струга, да се заблагодарам на колегите од Владата што се денеска тука со мене, да се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од Струга кои се борат за проект повеќе овдека за Струга и генерално за охридското крајбрежје.
Јас сум убеден дека со политиките на Владата, Струга е препознаена и Струга ќе биде еден од нашите главни приоритети во годините коишто доаѓаат.
Благодарам на сите коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, благодарност на администрацијата којашто помага сето ова да се операционализира, функционира и благодарност најголема до граѓаните на Струга коишто имаат трпение и коишто веруваат дека оваа Влада може да направи нешто повеќе за нив и нивните семејства, а ние како Влада даваме збор дека ќе сториме се што е во наша моќ да го испорачаме сето она коешто сме го ветувале и нема да застанеме тука, ќе се обидеме и проект повеќе да испорачаме, да го подобриме проектот повеќе на животот на граѓаните на Општина Струга.“, порача премиерот Христијан Мицкоски.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


