Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните кај своите матични лекари ќе може да потпишат изјава за согласност за органдонорство

На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

Министерот за здравство, Ази Алиу, вели дека од досегашната примена на законот произлегла потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта.

„Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на органдонорството, како највисок акт на човекољубие со кој се спасуваат човечки животи. Целта е волјата на граѓанинот да биде примарна, системот да биде потранспарентен и подоверлив, а личната одлука да се врати таму каде што ѝ е местото – кај самиот човек“, вели Алиу.

Предвидено е и воведување национална листа која ја води Министерството за здравство во „Националниот систем за електронски евиденции во здравството“, како и други административно-технички доуредувања на законскиот текст./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

ДЕСК

Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува, тврди Левица

ДЕСК

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура

ДЕСК