СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, кој во моментов не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има на планинскиот премин Пресека.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


