Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од околу 0°C до 7°C, при што најстудено ќе биде во западните и повисоките предели, а повисоки вредности ќе има во источните и југоисточните делови.
Максималните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат од околу 10°C до 17°C, со најтопло време во југоисточните делови, додека во западните региони ќе остане нешто посвежо.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


