На крајот на учебната 2024/2025 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 178 918, што претставува намалување за 1.3 % во однос на претходната учебна година.
Во истата учебна година основно образование завршиле 19 673 ученици.
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2024/2025 година изнесува 65 476, што претставува намалување за 0.8 % во однос на претходната учебна година.
Средното образование во оваа учебна година го завршиле 17 952 ученици.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


