Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Зголемување на платите во Државниот архив: Потпишан нов колективен договор

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално потпишаа поединечен колективен договор кој обезбедува зголемување на платите за 7%, почнувајќи од месец март, со постепена реализација во наредните три години.

Овој договор претставува значаен чекор кон подобрување на статусот и условите за работа на архивистите и административниот кадар. Тој е јасна потврда за посветеноста на институцијата кон своите човечки ресурси и кон континуираното унапредување на архивската дејност.

Со потпишувањето на договорот се испраќа силна порака дека трудот и професионалната посветеност на вработените се ценети. Државниот архив со тоа се позиционира како пример за институција која вложува во своите луѓе, гради стабилна иднина и ја зајакнува улогата на јавната администрација во општеството.

фото Државен Архив

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК