Centar.mk
фото Општина Битола
ЛОКАЛНО

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на ОУ „Коле Канински“ каде со новопроектираната состојба се предвидува реконструкција на постоечките тоалети кои со децении не се реконстуирани, со што ќе се овозможи задоволување на современите стандарди за хигиена и на учениците и на вработените, а исто така ќе се изгради посебен тоалет за лица со инвалидитет.

Реконструкција е предвидена и во двата блока, во подрум, на приземје и на кат.

Во подрумските дел во првиот блок машки и женски тоалет, едниот со по 3, другиот со 5 кабини и адаптација на засебен тоалет за лица со инвалидитет, а во вториот блок машки и женски тоалет со по 3 кабини.

На приземје во едниот блок со по 5 кабини машки и женски, а во другиот блок со по 3 кабини исто така машки и женски тоалет.
На кат во првиот блок по 5 кабини машки и женски, а во другиот блок со по 3 кабини машки и женски дел.

Проектот исто така предвидува и реновирање на тоалетите за вработените.

Ќе се изврши целосна промена на водоводната и одводната мрежа.

Се работи за вкупно 51 тоалет, а инвестиција изнесува 7.489.991 денар, средства од буџетот на Општина Битола.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата ма паркинг на Аеродромци

ДЕСК

Перински од Новаци: Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

ДЕСК

Добра вест за Аеродром: Резидентите ќе паркираат бесплатно во сите зони

ДЕСК